More

    Во бањарка и влечки пејачот покажа што јаде на 22. ден од мисијата

    spot_img

    Српскиот пејач Никола Роквиќ пред 22 дена тргна пешки од Белград до манастирот Свети Нектариј Егински во Грција за да собере пари за децата болни од рак.

    Никола секојдневно се огласува на социјалните мрежи каде споделува моменти од патувањата, а сега покажа како изгледа кога ќе направи мала пауза.

    Никола позирал во бањарка и влечки со виљушка во рака додека пред него имало скара на која се наоѓала риба.

    Да потсетиме, Никола претходно во текот на денот откри дека досега собрал 22 милиони динари.

    – Помага Господ, драги луѓе. Од почетокот ми беше голема желба да дојдам во Егина на 22 мај, денот кога беа пренесени моштите на Свети Никола и кога е моминската слава на мојата мајка. Раскажувам како секогаш на 22 мај одевме во Аранѓеловац кај баба и дедо на слава, цел пат Свети Никола некако ме следи и ме штити, од првиот ден. Морам да ви кажам дека денеска стигнавме до 22 милиони динари. Господ да ве благослови и да ви го даде секое добро – рече Никола.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img