More

    Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува 40 стипендии – По 2.500 долари за талентираните студенти

    spot_img

    Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, и Фондацијата МK2025 објавуваат Отворен повик за доделување 40 стипендии за студентска извонредност за талентирани студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2024/2025 година.

    Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои ќе се запишат во прва година на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Се доделуваат на студенти кои постигнале исклучителни резултати и успех во средното образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но и кои немаат доволно средства за продолжување на образованието на факултет или област од интерес. Висината на стипендијата изнесува 2.500 американски долари годишно, по лице, и претставува највисок фонд за доделување стипендии во нашата земја. Корисниците на стипендијата кои редовно и со успех ќе напредуваат во студиите можат да ја користат стипендијата сѐ до завршувањето на студиите.

    Ова е трета година како фондацијата МК2025, го администрира изборот на стипендисти преку програмата за студентска извонредност „Атанас Близанкоф“. Во 2021 година, Македонија2025 (Фондација МК2025) беше назначена да го спроведе отворениот повик за стипендирање на 40 средношколци кои започнуваат прва година на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за академската 2021/2022 година. Таа година, наместо првично планираните 40 стипендии, Фондацијата „Атанас Близнакоф“ во САД одлучи да додели 135 стипендии за усовршување на студентите. На секој примател му беше доделена стипендија од 120.000 денари годишно (што беше еднакво на 2.500 УСД). Како резултат на тоа, во 2022 година, Каталист, регионална фондација со седиште во Белград посветена на поттикнување и трансформирање на филантропијата во земјите од Западен Балкан, ја вклучи програмата за стипендии „Атанас Близнакоф“ на Македонија2025 во својот „Giving North Macedonia 2021: Report on the State of Philanthropy“ како една од Шампионите на филантропијата – истакнувајќи ги добротворните иницијативи кои имаа значително влијание во 2021 година. Во 2023 година, Фондацијата МК2025 го продолжува своето партнерство со Фондацијата „Атанас Близнакоф“ во САД за да ги администрира претстојните отворени повици и да обезбеди континуитет на правата за стипендирање на сегашните стипендисти. Истата година, и покрај тоа што повикот беше објавен за доделување на 40 нови стипендии, се доделија 58 стипендии на студенти кои се запишаа на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

    Основоположник на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ е иселеникот Атанас Близнакоф, роден во 1901 година во село Д’мбени, КостурскоЕгејска Македонија. Во 1920 година го напуштил родниот крај и заминал во САД каде што живеел и работел до 1976 година кога и ја основал Фондацијата. Неговата Фондација е прва и најголема фондација на македонски иселеник. Повеќе за животната сторија за Атанас Близнакоф и мотивите за основањето на „Атанас Близнакоф“: https://www.youtube.com/watch?v=9PUFogphlj8&t=5s

    Фондацијата МК2025 сака да изрази благодарност до Фондацијата „Атанас Близнакоф“ во САД и Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за поддршката на студентската извонредност во Македонија, за поттикнување и развивање на талентот, создавање на врвни професионалци и лидери кои ќе носат позитивни промени во општеството и економијата.

    Овие стипендии не само што ја олеснуваат финансиската бариера за многу талентирани млади луѓе, туку и го поттикнуваат нивниот ентузијазам и мотивација за постигнување високи академски и професионални резултати. Ваквата поддршка е од исклучително значење за иднината на нашата земја, бидејќи вложувањето во образованието и развојот на младите генерации е најсигурниот пат кон одржлив и просперитетен развој на заедницата. Фондацијата МК2025 е исклучително горда на оваа соработка и се надева дека ќе продолжи да придонесува кон градењето на подобра иднина за младите во Македонија.

    Краен рок за аплицирање на повикот е 20 август 2024 година (23:59).

    За повеќе информации, инструкции за аплицирање и појаснување за потребната документација:

    https://www.macedonia2025.com/otvoren-povik-za-dodeluvanje-40-stipendii-studenti/

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img