More

    Бајден несигурен, а Трамп нападен во првата дебата за претседателското столче во САД

    spot_img

    Џо Бајден имаше неубедлив и несигурен настап, наспроти  Доналд Трамп кој напаѓаше и со лажни тврдења во првата телевизиска дебата во пресрет на изборите во ноември. во дебатата претседателските кандидати разменија и навреди.

    Тие го дадоа своето мислење за состојбата во економијата, абортусот, имиграцијата, војните во Украина и Газа, но и за тоа кој може, а кој не да ја врши функцијата и за аферите поврзани со синот на Бајден и онаа на Трамп со порно-ѕвездата.

    Двајцата ривали не подадоа рака ниту на почетокот ниту на крајот од дебатата.

    Запрашан што ќе им каже на оние кои сметаат дека им е полошо под негово водство, Бајден рече дека го обвинува Доналд Трамп за состојбата во која ја остави економијата кога ја напушти функцијата.

    Најважното прашање за Трамп беа мигрантите. Тој  уште во првото прашање го покрена прашањето за мигрантите и не се откажа од тоа до самиот крај.

    Додека Бајден даваше одговори за економијата,  даноците и здравственото осигурување, реториката на Трамп се сведуваше на повторување реченици за мигрантите.

    Во текот на дебатата, тој рече дека Бајден е виновен „што луѓе од затвори, ментално болни и терористи доаѓаат во Америка“ и дека тоа ќе ја уништи земјата.

    – Ова е најлошата администрација во историјата. Наследи нула проценти инфлација, а потоа експлодираше. Даночните олеснувања пред и после  ковид доведоа до огромен раст. Кога ги намалувавме даноците, како корпоративните даноци, добивме повеќе приходи, а компаниите вратија милиони долари во нашата економија. Му оставив неверојатна ситуација. Повеќе луѓе загинаа за време на неговата администрација отколку за време на нашата, а ние бевме среде  ковид. Неговиот мандат е катастрофа и кога се во прашање вакцините. Тој заврши многу лоша работа. Повеќе не не почитуваат ширум светот, луѓето не го ценат нашето лидерство. Станавме како земја од Третиот свет. Зошто дозволи луѓето да дојдат овде од затвор и да ја уништат нашата земја? – одговори Трамп на тврдењата на Бајден и на прашањето  зошто сака да ги намали даноците за богатите.

    Бајден, од друга страна, тврдеше дека за време на неговиот мандат Трамп „ги земал децата од нивните мајки“ и ги „ставал луѓето во кафези“ – тоа бил столбот на неговата мигрантска политика.

    Зборувајќи речиси постојано за тоа како Америка се уништува, Трамп исто така рече дека Бајден е одговорен за смртта на Американците поради мигрантите и дека треба да одговара за тоа.

    Абортусот беше прашањето на кое Бајден можеше да поентира, но, тоа не го стори бидејќи тоа беа моментите во дебатата кога со мака почна да зборува. Неговите соработници изјавија за Си-Ен-Ен дека има настинка, што може да се слушне врз основа на неговиот глас.

    -Ужасното е тоа што го направи. Овде имаме човек кој тврди дека државите треба да одлучуваат за абортусот. Таа идеја за враќање на граѓанските права на државно ниво не е валидна. Имаме многу млади жени кои се силувани од членови на семејството. Го поддржувам Ро против Вејд. Идејата дека основачите на оваа земја сакале политичарите да носат одлуки за здравјето на жените е луда. Тоа треба да го прават лекарите и жените – рече Бајден.

    Трамп ги обвини демократите дека се залагаат за абортуси во доцна фаза.

    Очекувано, една од темите беше војната во Украина. Трамп посочува дека тој е единствениот претседател од кого „Путин не ја одзел земјата“, и дека ја нападнал Украина поради слабоста на Бајден.

    -Да имавме вистински претседател кого Путин го почитува, тој никогаш не би ја нападнал Украина. Тој (Бајден) направи толку лоша работа со Авганистан. Кога Путин ја виде таа неспособност, рече знаеш што, можеме да тргнеме во офанзива. Тој никогаш не би ја нападнал Украина, а Израел никогаш не би го нападнал Хамас. Немаше тероризам за време на мојот мандат, за време на неговиот, светот експлодираше – рече Трамп.

    Трамп рече и дека не ги прифаќа условите на Путин за прекин на војната.

    -Не, тоа не е прифатливо за мене, но оваа војна немаше да се случи да не беше тој. Би го решил тоа меѓу Путин и Зеленски, а тој му дава пари на Зеленски секогаш кога ќе дојде во Америка – рече Трамп.

    Од гледна точка на актуелниот американски претседател, Путин е воен злосторник и мора да биде запрен.

    -Повелете, пуштете го Путин да влезе и да ја контролира Украина, а потоа да продолжи во Полска и на други места. Погледнете што ќе се случи тогаш. По ѓаволите, тој нема поим за што зборува – рече Бајден.

    Кога станува збор за војната на Израел во Газа, Бајден го пофали неговиот план за прекин на огнот и рече дека никој во светот не бил поголем поддржувач на Израел од САД.

    -Го спасивме Израел – рече тој.

    Трамп ги повтори тврдењата дека милитантите на Хамас немало да го нападнат Израел „за милион години“ доколку тој бил претседател.

    – Стана како Палестинец. Но, не го сакаат затоа што е многу лош Палестинец. Тој е слаб – рече Трамп.

    Ривалите се потсетија и на аферата со дрога на синот на Бајден и онаа со порно ѕвездата на Трамп но и за тоа кој може да игра голф ,а кој не, односно кој може да ја извршува функцијата со оглед на нивните години.

    По завршувањето на првата, најавена како историска, дебата меѓу двајцата претседателски кандидати за изборите во САД, домаќинот на настанот телевизијата Си-Ен-Ен, спроведе анкета која покажа дека подобар настап имал поранешниот американски претседател.

    Според Си-Ен-Ен, регистрираните гласачи кои ја гледаа рано утринската дебата меѓу Бајден и Трамп предност му дадоа на противкандидатот Трамп за кого се определија 67%, наспроти  33% за Бајден.

    Пред самата дебата, истите гласачи, исто така, очекуваа подобар настап на Трамп, но соодносот беше  55 наспроти 45%.

    Мнозинството од 57% од гледачите на ноќешната дебата сметаат дека немаат вистинска доверба во способноста на Бајден да ја води земјата, додека 44% велат дека немаат вистинска доверба во способноста на Трамп да го направи тоа. Овие бројки практично се непроменети од анкетата пред дебатата, во која 55 отсто од тие гласачи изјавија дека немаат доверба во Бајден, а 47% рекоа дека немаат доверба во Трамп.

    Анкетата на Си-Ен-Ен беше спроведена преку СМС порака со 565 регистрирани гласачи во САД кои рекоа дека ја гледале дебатата, а резултатите од анкетата ги претставуваат ставовите само на гледачите на дебатата. Испитаниците беа регрутирани да учествуваат пред дебатата и беа избрани преку анкета на членовите на Панелот за мислење на SSRS, национално репрезентативен панел регрутиран користејќи техники за земање примероци базирани на веројатност.

    Резултатот од целосниот примерок на гледачите на дебата има маргина на грешка при земање примероци од плус/ минус 5,5 процентни поени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img