More

    Филипче вели дека одговорноста ќе биде негова за работата на сите во партијата

    spot_img

    Како претседател на СДСМ ќе ја водам партијата со целокупниот мој личен интегритет, јас ќе ги носам одлуките, а тоа е поради тоа што одговорноста за целокупната работа на СДСМ и за сите членови е само моја, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за вечерашната Топ Тема на Телма телевизија.

    Филипче потенцираше дека неговиот избор е легитимен и легален, што е потврдено и од Централната изборна комисија. Најави многу работа и враќање на партијата на победничките патеки.

    – Нашите членови многу брзо ќе се уверат дека мојата програма е целосно автентична и е базирана на тоа како јас ја перципирам промената којашто треба да се случи во партијата. Таа програма е градена на постулати коишто дојдоа од забелешките и предлозите на сите членови коишто покажаа различен степен на разочараност, коишто ги бојкотираа во еден дел изборите, не ни дадоа поддршка нам како партија иако биле долгогодишни членови. Јас таа програма планирам многу интензивно да ја спроведувам во следниот период – рече Филипче.

    Во тој процес, како што објаснува Филипче, ќе бидат вклучени што поголем број на членови коишто ќе сакаат да учествуваат во градењето на политиките и коишто досега со право забележувале дека политиките се граделе во еден мал круг на луѓе што кај овој дел од членството создавало отпор. Тоа ќе се промени, потенцира Филипче и додава дека нема да дозволи партијата да се води од нечии лични интереси.

    – Јас ќе им ја дадам таа платформа на сите да бидат вклучени. Навистина ќе имаме многу работа во следниот период, за луѓето да сфатат дека работите се променети, дека секој еден член може да учествува во креирањето на политиките и дека тоа ќе биде почетокот на обединувањето, враќањето на луѓето коишто нè напуштија или останаа дома или гласаа за други политички субјекти за да за кратко време биде видлив – истакна Филипче.

    За блискоста со поранешниот лидер на СДСМ и премиер, Зоран Заев, Филипче тврди дека има автентичен план како да ја води партијата.

    – Но, еве да го расчистиме тоа прашање. Јас навистина имам одлични релации со Зоран Заев, меѓутоа имам одлични релации и со сите останати претходни претседатели. Со Димитар Ковачевски, со Радмила Шекеринска.. Сметам дека тие луѓе во еден одреден момент кога ја воделе партијата дале сѐ од себе, дале дел од себе и тоа е за секоја почит – рече Филипче.

    Како што потенцира Филипче, негова цел ќе биде резултат да биде видлив и веќе на следните избори за 9 месеци ќе освои уште повеќе гласови од сега.

    Филипче коментирајќи ја изјавата на премиерот Мицкоски за подадената рака за соработка по прашањата од национален интерес, рече прво да видат што за ВМРО-ДПМНЕ е национален интерес, а тие дека се подготвени да разговараме за било што.

    Тој рече дека додека бил министер за здравство му понудил на ВМРО-ДПМНЕ заеднички да работат на проектот за нов клинички центар, но тие го одбиле и блокирале.

    – Нема поголем проект од национален интерес во сферата на здравството, па и генерално би рекол, од една нова болница, па вмро-дпмне и покрај тоа што им беше понудено да го водат проектот преку контрола во собранието и парламентарна група во која што тие ќе имаат мнозинство не го прифатија. Го блокираа и ние сега немаме нов клинички центар. Ако тој тогаш се прифатеше сега веќе еден од блоковите ќе беше пуштен во функција. Но, ние сме отворени да разговараме за било што, но ајде да видиме за што конкретно треба да разговараме – рече Филипче.

    Лидерот на СДСМ упати критики и за почетокот на работата на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ВРЕДИ и движењето ЗНАМ.

    – Предлагаат проекти во енергетиката откако претходно блокираа други проекти кои што беа многу подобри и покорисни за државата. Го критикуваа проектот чебрен во кој што државата требаше, а има 30 посто сопственост, а сега кажуваат дека треба да имаме капацитет да го направиме сами, а не некој друг да го прави. Сега предлагаат проект во небазна енергија, во ветерни електрани којшто го прави повторно странски инвеститор во кој што државата нема никаква сопственост – додаде новиот претседател на СДСМ.

    Филипче најави дека табори во СДСМ повеќе нема да постојат, бидејќи секој член ќе биде слушнат.

    – Луѓето одат во табризација и се групираат во табори тогаш кога не им се слуша гласот. Треба да им се понуди широка платформа во што поголем број присутни членови, а не само на раководство. Раководствата во следниот период откако ќе се направат и статутарните измени ќе бидат избрани и од самите членови, а самото тоа е акт на слушање на гласот на членовите, како и во градење на други политики, преку често присуство во самите Општински органзиации на целокупното раководство – рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ смета дека тоа е лекот таборите во партијата да паднат.

    – Сечиј глас ќе биде слушнат. Тоа е мојот план и сметам дека тоа е главната работа што треба да се направи. Тоа го кажуваат самите членови, тоа е на нивно барање. Честото состанување практично е лекот да се стигне до тоа, односно како што јас велам ќе направам реформа на менталитетот – истакна Филипче.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img