More

    Фејо сака да формира влада, бара од неговите ривали да не ја блокираат Шпанија

    spot_img

    Алберто Нуњез Фејо, лидерот на конзервативната Народна партија, која освои најмногу гласови на парламентарните избори во неделата, но не доволно за формирање влада, ги повика другите политички партии и актуелниот премиер Педро Санчез „да не ја блокираат Шпанија“, туку да му дозволат да формира малцинска влада.

    Народната партија освои 136 пратеници во 350-члениот парламент, но дури и во потенцијална коалиција со десничарскиот Вокс, не може да ги достигне 176-те пратеници потребни за формирање влада.

    „Премиерот треба да биде тој што освоил најмногу гласови и пратенички места“, рече 61-годишниот Фејо од седиштето на партијата во Мадрид, каде што во неделата вечерта го прослави изборниот резултат.

    „Блокадата воопшто нема да има корист за Шпанија“, посочи тој.

    Актуелниот премиер Педро Санчез и неговата Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) го зазедоа второто место со 122 места во парламентот. Санчез, исто така, нема доволно пратеници за да формира влада дури и со поддршка на групата леви партии Сумар и сепаратистичките леви партии на Каталонија, Баскија и Галиција.

    Тој лев блок освои вкупно 172 пратенички места, а десниот 170, така што формирањето влада во наредните недели е малку веројатно.

    Фејо рече дека ќе разговара со другите партии пред парламентот да гласа за владата следниот месец.

    Санчез, убеден дека Фејо нема да добие поддршка од партиите за формирање малцинска влада, гледа можност да остане на власт.

    „Има многу повеќе од нас кои сакаат Шпанија да напредува, наместо да уназадува со Народната партија и Вокс“, рече Санчез во обраќањето до неговите поддржувачи.

    Доколку Фејо не успее да формира влада, Санчез ќе се обиде да создаде малцинска коалиција со левичарските и регионалните сепаратистички партии. Во гласањето за таква влада, централно-десничарската каталонска партија Junts per Catalunya (Заедно за Каталонија) би можела да одигра одлучувачка улога.

    Станува збор за партијата на поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија од 2017 година, откако организираше забранет референдум за отцепување на Каталонија.

    Од таа партија порачаа дека „ништо нема да му дадат на Санчез ако не даде нешто за возврат“.

    Санчез ја отфрла идејата за одржување договорен референдум за независност на Каталонија, богата автономна покраина со население од 7,5 милиони жители, посочувајќи дека таквото гласање е спротивно на шпанскиот устав и претходната одлука на Уставниот суд.

    Доколку партиите не се договорат за формирање влада до октомври, Шпанците повторно ќе излезат на избори.

    Овој месец Шпанија го презеде претседавањето со Европската унија до крајот на декември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img