Новосадската Барбика, како што ја нарекуваат пејачката Наташа Беквалац е подготвена за летото, а тоа им го покажа на своите следбеници на Инстаграм.
Наташа позирала во бикини во браон боја, во кое до израз дошло нејзиното згодно и сексапилно тело.

На селфи фотографијата што ја направила, Наташа ја покажала и тетоважа на интимната регија, односно препоните.

Телото на пејачката и на 44 години изгледа стегнато.
Секако, Наташа отсекогаш водела сметка за својот изглед, па не е ни чудо што и ова лето го дочека подготвена.



























