More

    Европејците од Белград бараат само нормализација на односите, вели Кристофер Хил

    spot_img

    Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, изрази уверување дека официјалното признавање на Косово нема да биде услов за влез на Србија во Европската унија туку нормализација на односите со Приштина.

    Хил во интервју за денешното издание на неделникот НИН рече дека Европејците го бараат од Белград „токму тоа што велат дека го бараат, а тоа е нормализација“ и додаде дека ЕУ сака мир и безбедност во регионот и секако, меѓу Србија и Косово.

    – Мислам дека тие многу јасно кажаа дека има членки на ЕУ кои не го признаваат Косово, така што вистинското прашање е да се обидеме да дојдеме до нормализација каде што тие граници нема да бидат граници што ги делат, туку граници што обединуваат, граници што навистина обединуваат – истакна американскиот амбасадор.

    Хил рече дека САД ги поддржуваат аспирациите на Србија да стане членка на ЕУ и се обидуваат да ѝ помогнат „во тој потфат, бидејќи е сосема јасно дека Србија во иднина ќе биде во Европската унија“.

    Тој рече дека САД „многу јасно ставиле до знаење“ дека би сакале Србија да се приклучи на санкциите против Русија, но додаде дека Србија „исто така презела некои важни чекори за да и стави јасно до знаење на Русија дека не се согласува со агресијата што земјата ја врши против својот сосед“.

    За односите меѓу САД и Србија, Хил рече дека „тие имаат многу добар дијалог, иако не се согласуваат за сѐ, на пример за Косово“.

    – Но, ние се согласуваме за неопходноста од мир и безбедност во Европа. И мислам дека многу се согласуваме со фактот дека руската агресија врз Украина треба да престане. Затоа, мислам дека имаме многу да надградиме. Мислам дека нашите две нации имаат многу заедничко и би сакал да ги видам врските што ќе зајакнат во наредните години – вели Хил.

    По повод „Сесрпскиот собор“, што се одржа во саботата во Белград, Хил рече дека „сите мора да разберат дека Дејтонскиот договор е основа на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и територијалниот интегритет на ентитетите во БиХ и дека тие елементи на Дејтон мора да бидат почитувани од сите страни“.

    Хил изрази надеж дека вооружениот конфликт меѓу српската паравоена група и косовската полиција, во селото Бањска во септември 2023 година, „ќе дојде на суд“ и дека „ќе има одредена одговорност за она што се случи“.

    Американскиот амбасадор во Белград исто така истакна дека САД се „многу разочарани“ што во Владата на Србија повторно има две лица кои се под американски санкции – вицепремиерот Александар Вулин и министерот без ресор Ненад Поповиќ, пренесе Бета.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img