More

    Еве што навистина може да ја запре војната во Украина

    spot_img

    Многу западни политичари не сакаа ниту да навлезат во суштината на новиот руски предлог за регулирање на ситуацијата во Украина, иако оваа иницијатива реално може да ја запре војната, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

    Помошникот на претседателот Јуриј Ушаков го прочита обраќањето на Путин пред учесниците на 10 меѓународен научно-стручен форум „Примаковови читања“ во Москва.

    Рускиот лидер изјави дека претпоставува дека учесниците на форумот ќе ги разгледаат идеите на Москва за формирање систем на еднаква и неделива безбедност на евроазискиот континент, како и нов мировен предлог за решавање на украинската криза.

    – За разлика од многу западни политичари, кои не сакаа ни да навлезат во суштината на иницијативата што ја покренавме, верувам дека учесниците на форумот ќе размислат за промислен и рационален пристап кон неговото разгледување и ќе можат да увидат дека тоа реално предвидува можност за прекин на конфликтот и негово политичко и дипломатско решение – рече Путин.

    Во поздравот до присутните, претседателот на Русија ја спомена и темата БРИКС, велејќи дека оваа група станува локомотива за градење праведен светски поредок, рамноправен и ослободен од диктат.

    Претходно, рускиот претседател Владимир Путин претстави нови мировни предлози за решавање на конфликтот во Украина, кои предвидуваат признавање на статусот на Крим, регионите ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје како делови на Русија, определување на неврзаниот и ненуклеарниот статусот на Украина, нејзината демилитаризација и денацификација и укинување на антируските санкции. Украинската страна ја отфрли оваа иницијатива.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img