На социјалната мрежа Тик-ток деновиве кружи видео на кое е прикажана мапа со земјите од Европа, а за секоја земја наведен е најлошиот град за живеење.
Мапата која е објавена на профилот „Map of Geography“, добила милион прегледи, но предизвикала и бројни полемики, бидејќи некои луѓе не се согласуваат со резултатите.
На пример, за најлош град за живеење во Бугарија е прогласен Варна, во Германија – Франкфурт, во Србија – Белград, во Хрватска – Ѓаково, во Словенија – Целје…
Во Македонија, пак, оправдано или не, за најлош град за живеење е избран Тетово.
Погледнете ја мапата: