More

    Еве како се однесуваа кралот Фелипе и кралицата Летиција пред јавноста

    spot_img

    Кралицата Летиција и кралот Фелипе првпат се појавија заедно во јавноста по обвинувањата за нејзината прељуба. Откако насекаде се појавија тврдењата дека кралицата Летиција го изневерила кралот Фелипе, а дури се дозна и дека тој знаел за нејзината прељуба, кралската двојка никаде не се појавуваше заедно.

    Скандалот стана уште поголем бидејќи кралицата наводно го изневерувала кралот со својот поранешен зет.

    Кралското семејство не се огласил по скандалозните шпекулации, а кралот и кралицата на Шпанија вчера се појавија за прв пат во јавноста. Тие присуствуваа на годишниот состанок на Управниот одбор на Фондацијата Принцезата од Астуриа во Кралската палата, а сите забележаа дека кралската двојка во јавниот наста изгледа како и обично.

    Летиција постојано му се насмевнуваше на Фелипе, разговараат и изгледаа среќно, што изненади многумина со оглед на тврдењата дека по скандалот тие веќе не живеат заедно.

    Скандалот за прељубата на шпанската кралица го обелодени новинарот Хаиме Пењафиел (91) во неговата втора книга за кралицата Летиција, која со денови е тема број еден во кралските кругови.

    Во својот најнов текст, Пењафиел тврди дека Фелипе „бил свесен дека Летиција го изневерува“, бидејќи нејзините телохранители се должни да го информираат за нејзините движења.

    Тој тврди дека телохранителите ја придружувале кралицата на патувањето во 2011 година на кое таа била со нејзиниот „љубовник“, Хаиме дел Бургo, со кого била во врска пред да го запознае Фелипе, а кој подоцна се оженил со нејзината сестра Телма Ортиз.

    Авторот понатаму пишува дека Летиција зрачи со „ладна, решителна и неуништлива аура“ околу неа и дека нејзиниот молк за неодамнешните обвинувања укажува на нејзината „емоционална незрелост“.

    Подоцна во книгата авторот истакнува дека Фелипе и Летиција веќе живеат одвоени животи и дека заедно се појавуваат само во јавност.

    Шпекулацијата за наводната афера добија потврда и од шпанскиот инвеститор Хаиме дел Бурго во неговата книга „Летиција и јас“ во која тврди дека шпанската кралица ноќта пред венчавката со принцот Фелипе, го молела дел Бурго „да не ја остави“. Тој наведува дека тие имале љубона афера и откако Летиција стапила во брак со принцот Фелипе и дека врската траела до 2011 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img