ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка за уште една година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На барање на Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука со која ја продолжи можноста за пристап за нашата централна банка до репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, до 31 јануари 2025 година. Ако се употреби, репо–линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност и претставува уште еден заштитен слој за гарантирање на стабилноста на курсот на домашната валута. Репо-линијата може да ги задоволи можните потреби за ликвидност во време на зголемени геополитички несигурности и нивните потенцијални ризици за глобалната економија и финансиските пазари. Инаку, домашните девизни резерви, коишто се главниот инструмент за одржување на стабилноста на курсот, се на историски највисокото ниво.

Со постојаното одобрување на репо-линијата, Европската централна банка им дава значајна поддршка на политиките на стабилност коишто ги спроведува Народната банка.

Народната банка доби можност за пристап до репо-линијата на почетокот на кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19, во 2020 година, кога ЕЦБ им дозволи пристап до овој инструмент на централни банки надвор од еврозоната, со цел да се спречат преносните ефекти врз финансиските пазари и економиите во еврозоната и да се ублажат негативните ефекти од пандемијата. Народната банка беше предводник и иницијатор меѓу централните банки од регионот за обезбедување пристап до дополнителни средства, за зајакнување на заштитните механизми, и покрај стабилното ниво на девизните резерви и солидната ликвидност на банките. Во изминатиот период, и покрај повеќе последователни кризи, не беа користени средства од репо-линијата.

Народната банка ѝ изрази благодарност на ЕЦБ за продолжувањето на можноста за пристап до репо-линијата.

Повеќе информации за репо-линијата се достапни на веб-страницата на ЕЦБ, на следнава врска: https://www.ecb.europa.eu/mopo/implement/liquidity_lines/html/index.en.html

Share This Article