More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 29.01.2024

    spot_img

    На 28.01.2024 во 13.30 часот во Казнено – поправна установа Затвор Битола, при претрес на просторијата на затворениците Д.Д.(36), Т.П.(35), Н.П.(37), О.М.(27) и Д.П.(47) била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

    Денеска (29.01.2024) во 02.00 часот на Граничен премин Долно Блаце,  при пасошка контрола и проверка било констатирано дека Р.Г.(42) од Косово евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол – Германија. Лицето е предадено на полициски службеници во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

    Во текот на вчерашниот ден (28.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 277 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 163 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 113 мерки, меѓу кои 48 санкции за непочитување на брзината на движење, девет мерки за возење без возачка дозвола, десет санкции за управување под дејство на алкохол, две мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор…

    На 28.01.2024 вo 18.45 часот во СВР Скопје било пријавно дека на регионален пат Скопје-Куманово, во с.Арачиново, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(37) од с.Арачиново,  удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 28.01.2024 во 14.05 часот во СВР Битола, E.Н.(35) од Битола пријавила дека на ул.„Партизанска“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img