More

    Унгарија ќе најде начин да ги одобри парите за Украина?

    spot_img

    „Ова е Европа што му вели на Виктор Орбан „доста е, време е да си се вратиш на редот. Можеби имаш пиштол, но ние имаме базука“.

    Вака изјави Мујтаба Рахман, европски директор на консултантската компанија „Евроазија груп“ за „Фајненшл Тајмс“. Во написот се вели дека Европската унија се заканува да ја загрози економијата на Унгарија, преку загрозување на валутата и довербата на странските инвеститори, ако Будимпешта во четврток реши повторно да стави вето на пакетот помош за Украина вреден 50 милијарди евра.

    Ова, според „Фајненшл Тајмс“ е дел од доверлив план на Брисел пред претстојниот самит.

    Плусинфо претходно пишуваше дека ЕУ ја спрема т..н. „нуклеарна опција“ да ја изолира Будимпешта од гласање за клучните одлуки според членот 7, а дека за оваа санкција против може да гласа Словачка.

    Се чини дека по новите „закани“ на ЕУ ситуацијата е размрдана. Балаш Орбан, еден од најблиските советници на премиерот Орбан, сега изјави дека Унгарија е отворена за користењето на буџетот на ЕУ за финансирање на Украина, што претставува голема промена во ставот.

    Тој напиша на Икс дека, според унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока, Будимпешта во саботата испратила предлог во Брисел, покажувајќи дека е отворена да ја поддржи помагање на Украина од буџетот на ЕУ, „па дури и ако тоа значи „издавање заеднички долг за да се финансира, ако на Будимпешта ѝ се дадат уште предупредувања за да може да се премисли за одлуката за ветото подоцна“.

    Сепак, тој во објавата револтирано додава дека „ова е чиста уцена од ЕУ“.

    Во што ќе се состои предлогот на Будимпешта за евентуално кревање на ветото?

     

    Европската помош од 50 милијарди евра е клучна за Киев да може да ги подмири своите побарувања за ново оружје, муниција и друга помош среде војната, додека од другата страна на Атлантикот останува закочена 61 милијарда долари во американскиот Конгрес.

    А што ако Орбан не го повлече ветото? „Фајненшл Тајмс“ другите лидери на ЕУ ќе треба јавно да ветат дека трајно ќе го прекинат финансирањето од Унијата за Унгарија за да ги зголемат трошоците за задолжување на земјата.

    Во декември Орбан ја „пушти“ Украина да добие кандидатски статус за во ЕУ со тоа што излезе од салата додека се гласаше за одлуката, наговорен од канцеларот Олаф Шолц „да оди да испие кафе“. Додека ова вето спласна, неизвесно е дали Унгарија ќе ја „спушти рампата“ и за членството на Шведска во НАТО.

    Минатата недела Орбан го извести генсекот на НАТО дека Унгарија нема ништо против членството на Шведска во НАТО, но според аналитичарите унгарскиот парламент нема да се брза со свикувањето на седница за ратификација на одлуката, односно, редовна седница по ова прашање може да има дури кон крајот на февруари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img