Ердоган му заби нож во грб на Путин

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, говорејќи на Вториот самит на Кримската платформа во онлајн формат, рече дека заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство на Украина е од клучно значење не само за регионалната, туку и за глобалната безбедност.

Ердоган заклучи дека враќањето на Крим на Украина, чиј нераскинлив дел е, е најважната потреба од гледна точка на меѓународното право, и затоа директно му противречи на својот сојузник и партнер, рускиот претседател Владимир Путин, кој има сосема поинаков став.

Претседателот на Турција најави и нова антитерористичка операција во северна Сирија. Очигледно целта е да се формира „безбедносна зона“ во оваа земја, долга 30 километри, од границата со Турција до внатрешноста.

На Вториот самит на Кримската платформа зборуваше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој рече дека Северноатлантската алијанса ќе стои на страна на Украина „се додека е потребно“.

Столтенберг предупреди дека Украина и нејзините партнери мора да се подготват за тешка зима и исцрпувачка војна.

„Ова е битка на волјата и битка на логистика“, истакна Столтенберг, уверувајќи го Киев дека „НАТО ќе остане со Украина се додека е потребно“.

„Силна, стабилна и независна Украина е од големо значење за евроатлантската безбедност“, рече Столтенберг.

Тој ја пофали Украина за нејзината „неверојатна способност да се спротивстави на бруталната агресија, да возврати, да зазема територии и да и наметне големи трошоци на Русија“ во последните шест месеци од војната.

Share This Article