More

    Експерт: Оние кои вчера возеле Опел Корса и слични автомобили утре ќе одат со автобус

    spot_img

    Според Јенс Андерсен, на среден рок нема да има евтини електрични автомобили.Јенс Андерсен работи за Фолксваген од 1990 година, па дури и ја напишал својата докторска теза за електрични автомобили во споредба со возилата со мотори со внатрешно согорување додека работел на неколку позиции во Фолксваген, но секогаш поврзан со стратегијата и планирањето на позадината. Од 2018 година работи како извршен консултант и советник од одборот на компанијата Strategy Expert Group, беше истакнато во неговото интервју за Business Insider.

    Во интервју за Business Insider, Андерсен истакна дека Tesla очигледно доминира во технологијата и ефикасноста на електричните автомобили, додека Toyota го прави истото со хибридите. Ниту еден европски производител не може технолошки да се приближи до Toyota или Tesla, барем ако се држиме до она што секој го произведува и продава денес. Сепак, за Андерсен Тесла престанува да биде референца и смета дека предноста што ја има американскиот производител во однос на другите е блиску до исчезнување, пренесува HAK Review.

    Според Германецот, компанијата на Илон Маск дури би можела да се смета за можна цел што ќе ја апсорбира Фолксваген во иднина:

    „Долгорочно, Tesla е, според мене, кандидат за купување. Ниту зголемувањето на бројките од продажбата поради тековните ценовни попусти нема да ја промени оваа ситуација. Ловецот одамна стана ловен“.

    Според Андерсен, нема да има проблем во премиум сегментот, каде што брендовите како Audi, BMW, Mercedes или Porsche ќе имаат конкурентна електрична технологија која може да се понуди во замена за премиум трошок за стекнување. Сепак, во долниот сегмент на пазарот не може да има еволуција доколку не се зголеми продажбата.

    „Изгледа дека во Германија луѓето кои досега ги избираа основните возила повеќе се наклонети кон претплати, споделување автомобили и јавен превоз. Значи, тие што вчера возеле Опел Корса (и слични мали коли оп. а.) утре ќе одат со автобус“, тврди Андерсен.

    Можеби никогаш нема да видиме вистински конкурентни електрични автомобили за помалку од 20.000 евра, но само времето ќе покаже дали гледиштето на Андерсен е точно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img