Клан Македонија ексклузивно дознава дека поранешниот премиер Зоран Заев, Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сретнале денеска во Скопје.
Клан Македонија дознава дека Заев, Ковачевски и Ахмети имале заеднички ручек кој траел четири часа и на средбата дискутирале за европскиот фронт и претседателските и парламентарните избори.
Клан Македонија дознава дека работниот ручек поминал во конструктивна и позитивна атмосфера но без детали за другите теми кои се дискутирале.
Инаку, една ваква средба со работен ручек Заев – Ахмети, пред една година се одржа во Струмица.
ЕКСКЛУЗИВНО – Заев, Ахмети и Ковачевски се сретнаа во Скопје