Екипи на Инспекторатот на Град Скопје од Одделението за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, продолжуваат со засилените контроли

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје од Одделението за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, продолжуваат со засилените контроли.

Инспекторите за даночна инспекција започнаа контрола кај деловни субјекти во ТЦ Беверли Хилс, по доставена преставка од граѓани, дека дел од субјектите го немаат пријавено или дека не добиваат решенија за данокот на имот, при што е утврдено дека над 100 субјекти го немаат пријавено имотот.

Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел зголемување на наплатата на комуналните и другите такси со цел обезбедување праведност и правичност во оданочувањето за сите обврзници подеднакво.

Во однос на наплатата на данокот на имот, Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сѐ уште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци.

Share This Article