More

    ЕДУКАТИВНАТА КАМПАЊА „КРЕНИ ГЛАС ПРОТИВ ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО“ СЕ РЕАЛЗИИРА И ВО ОХРИД

    spot_img

    Ученици од 6-то до 9-то одделение од сите охридски основни училишта беа дел од работилниците кои се одржаа денеска во Големата сала на Општина Охрид, во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“ поддржана од компанијата „Макпетрол“.

    Активнистите од оваа едукативна кампања се рализираат врз основа на Mеморандум за соработка, кој беше склучен помеѓу оваа компанија и Општина Охрид.

    Целта на работилниците e директно вклучување на младите во процесот на спречување на физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството. Учениците имаа можност разговараат за другарството и соработката со своите врсници, но и за насилството и начините на кои може да се спречи појавата на конфликтите.

    Во рамки на кампањата ќе биде опфатен и наставниот кадар, кој преку конкретни насоки ќе треба да рализира дополнителни активности во самите училишта.

    Повеќе информации и материјали од кампањата може да се добијат на веб страницата www.kreniglas.mk

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img