More

    Срспки Мондо: Почина Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан, осомничениот за убиството на малата Данка

    spot_img

    Почина Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан, осомничениот за убиството на малата Данка (2), тврди срспки Мондо. Информацијата уште официјално не е потврдена.

    Пред два дена таа сведочеше во врска со делото за кое е обвинет нејзиниот син. Братот на Дејан, Далибор, почина во притвор, а нејзиниот сопруг Раде е исто така осомничен дека е еден од помагачите во извршувањето на грозоморното убиство.

    Мајката Светлана на новинарските екипи им го покажа местото каде што, на денот на убиството, нејзиниот син вообичаено ручал со семејството во неговото домаќинство во селото Злот.

    – Ништо не беше поинаку, туку вообичаено. Ручавме во летниковецот кога Деки се врати од работа околу четири и пол и потоа направи некои вообичаени работи – изјави Светлана Драгијевиќ.

    Инаку, Светлана не даде исказ во обвинителството и го искористи своето законско право да не сведочи како најблиска до осомничениот Дејан.
    Пред да почине братот на Дејан, Далибор, тој ѝ кажа на полицијата 20 лажни локации за тоа каде се наоѓа телото на двегодишното девојче. Српската полиција се сомнева дека Раде знае каде е телото.
    Главниот осомничен, Дејан, го отпушти својот адвокат кој му рекол да се брани со молчење. Се очекува на Дејан му биде доделен адвокат по службена должност кој, според експертите, ќе го советува да каже што точно се случило и каде е телото на малата Данка.
    Српската полиција со месеци го бараше трупот, а постои сомневање дека тој бил преместуван.

    Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор, а полицијата по 10 дена потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, двајца вработени во ЈКП „Водовод“ од Бор, кои се осомничени дека девојката ја удриле со автомобил, а потоа Дејан Драгијевиќ, како што самиот признал, го убил детето, го ставил телото во багажникот на автомобилот, а потоа го фрлил на депонијата Старобањска.

    Два дена подоцна тој и неговиот брат Далибор и таткото Радослав го префрлиле трупот на друго место, но одбиваат да кажат каде.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img