More

    Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка во која учествувал автомобилот на поранешниот премиер на Бугарија и лидер на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков

    spot_img

    Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка во која учествувал автомобилот на поранешниот премиер на Бугарија и лидер на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков, јавуваат бугарските медиуми.

    Сообраќајката се случила во 17.30 часот кај селото Аксаково, во близина на Варна. Петков не е повреден.

    Несреќата била предизвикана од ненадејно излетување на другиот автомобил во која патувале две лица на возраст од 60 години. Во автомобилот на Петков патувале четири лица.

    Возачот на цивилниот автомобил починал на лице место. Две лица се повредени и тие се пренесени во болницата „Света Ана“ во Варна. Еден пациент е 58-годишна жена со комбинирана траума и е во тешка состојба.

    – Се уште не можеме да кажеме дека нејзиниот живот е надвор од животна опасност – соопштиле од болницата.

    Другиот повреден е возачот на 37-годиниот возач на Петков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img