More

    Еве што треба да направите ако имате регистрација со три бројки

    spot_img

    Во земјава, освен таблички со ознака „МК“ на сино поле на почетокот од таблицата, има и стари таблички без ознака „МК“, само со кодот на градот, три бројки и две букви. Добра вест за сопствениците на возила со вакви таблички е тоа што и тие ќе треба само да ја залепат бесплатната налепница „НМК“ пред почетокот на кодот на градот, без притоа да ја менуваат таблицата со нова.

    Иако минатата година тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во едно интервју изјави дека табличките со три бројки ќе треба да се заменат со нови кои имаат ознака „НМК“, сепак според најновите информации тие ќе продолжат да важат.

    – Согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците. Тие ќе бидат доставени до сите технички прегледи во целата земја. Граѓаните ќе можат да ги набават од референтите за сообраќај каде што ќе вршат регистрација. Налепница „НМК“ треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака „МК“ – велат од МВР за Плусинфо.

    Во моментов во Македонија има регистарски таблици со три бројки кои се многу стари, кои воопшто не се променети. Има околу 220-230.000 таблици кои се со „МК“ и нови таблици со 4 бројки кои треба да се променат и уште толку кои веќе се променети. Преку 220-230.000 таблици се променети.

    Граѓаните најдоцна до 12 февруари 2024 треба да ги променат регистарските таблички и на нив да има ознака „НМК“ наместо досегашната „МК“, што е обврска која произлегува од Преспанскиот договор. Македонија на 17 јуни 2018 потпиша договор со соседна Грција за промена на името во Република Северна Македонија, по што се овозможи влез во НАТО.

    Во однос на цената за налепниците, Министерството за внатрешни работи изготви предлог тие да бидат на негов товар, односно за граѓаните да бидат бесплатни. Налепниците ќе може да се подигнат при регистрација на возилото или во техничките станици.

    Но, една недела пред истекување на крајниот рок за промена на личните документи, налепниците сè уште не се стасани, ниту дистрибуирани до техничките станици.

    Нема да има казни за оние кои нема да успеат навреме да ги променат своите регистарски ознаки, но нема да може ниту да ја напуштат државата.

    Никој по 12 февруари нема да може да ја напушти Македонија ниту со стар пасош, ниту со стара лична карта, ниту со возачка на која не пишува „Северна“.

    Ова е трето масовно менување на регистарските таблици во Македонија. Во 1993 година се воведоа таблици кои содржеа само кратенки од имињата на градовите – „СК“, „БТ“ …, со три бројки и две букви. Во 2012 година почна воведувањето таблици со ознаката „МК“ на сина лента на левата страна. Во 2019 година стартуваа нови таблици со ознаката „НМК“ на сина лента на лева страна, а која во почетокот се ставаше како налепница, што значи дека и таа може да се користи. Со тоа во земјава има две варијанти на регистарски таблици, што е случај и во неколку други европски земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img