More

    Еден од убијците на Данка самиот учествувал во потрагата

    spot_img

    Еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ се обидел да ги збуни инспекторите на МУП кои деноноќно работеле на расветлување на мистериозното исчезнување на двегодишното девојче учествувајќи во потрагата, дознава српски Информер.

    Според порталот, откако со автомобил „фиат панда“ во пијана состојба го  удриле девојчето кое се оддалечило од дома и откако еден од нив брутално го удави девојчето додека лежело повредено, убиецот се обидел да остане смирен и наводно ѝ помогнал на полицијата во потрагата.

    – Еден од осомничените учествуваше во потрагата по Данка Илиќ. Другиот се сокри и се засолни. Во тој правец тргна и полицијата – рекол изворот.

    Српски „Телеграф“, пак, напиша дека убијците вчера под придружба на полицијата лажно ја наведувале истрагата на терен покажувајќи на погрешна насока.

    Двајцата уапсени паднале на тест со полиграф и денеска го признаа злосторството.

    Информер пишува и дека уште пред шест дена можело да се претпостави дека Данка е убиена бидејќи познатото куче Зиги кое беше пуштено на терен не намирисало ништо, а според изјавата на Милан Радојевиќ за „Мондо“ од 29 март кучињата можат да намирисаат само жив човек.

    – Зиги, односно кучето за спасување од урнатините и потрага по луѓе мириса само живи луѓе – изјави Милан Радојевиќ за Мондо на 29 март.

    Данка Илиќ исчезна пред десет дена, на 26 март. Сите служби, вклучително и полиција, жандармерија, пожарникари, доброволци, рудари и мештани со денови ја пребаруваа областа во Бањско поле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img