Еден од најдобрите поп пејачи во светот Бруно Марс (39) настапува деветта година во Парк МГМ во Лас Вегас, кој го продолжи со уште 12 концерти во 2024 година.
Причината поради која толку долго настапува таму е затоа што акумулирал значителен коцкарски долг во казиното.
– Му должи милиони на МГМ од коцкање. МГМ всушност го поседува“, изјави неименуван извор за „Њуј нејшн“. Наводно се работи за вртоглав долг од дури 50 милиони долари.
– Заработува 90 милиони долари годишно од зделката што ја направи со казиното, но потоа мора да си го врати долгот – додава изворот, тврдејќи дека пејачот заработува само 1,5 милиони долари од вечер, откако платил данок.
Бруно Марс претходно раскажа како првпат го посетил казиното на 19 години и дека киријата ја плаќал играјќи карти.
– Се сеќавам на мојот прв облог, раката ми се тресеше, а типот поради тоа ме викаше и ме посрамоти – рекол поп пејачот, признавајќи дека изгубил 100 долари, кои не можел да си ги дозволи.
– Мора да изгубиш. Само мора да изгубиш за да победиш и да разбереш – рекол тогаш Бруно Марс.