Уште две жртви зеде јамската чешма во местото „Сребрена вода“ во битолско Крстоар. Се работи за двајца браќа кои се задушиле од вдишување јаглерод моноксид.
„Попладнево во Битола, во 16:24 часот, до изворите на кисела вода кај местото викано „Сребрена вода“, битолско, пронајдени се во безживотна состојба А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. Несреќниот случај бил пријавен од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола, дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на село Крстоар, имало две починати машки лица“, известуваат од СВР Битола.
„За настанот е известен јавен обвинител. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Интервенирала и екипа на ТППЕ-Битола“, се додава во соопштението.