More

    Важно е Македонија економски да се развива, вели ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    По промените ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе ниски даноци и 1 милијарда евра за развој на општините. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира мерки и проекти со кои Македонија економски ќе се развива и расте, се вели во соопштение на партијата.

    „Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи од Македонија економски силна и моќна држава во која граѓаните ќе имаат повисок животен стандард, а домашните компании ќе бидат стимулирани да ги реинвестираат своите добивки и да отвораат ново работни места.

    За таа цел ќе се продолжи политиката на рамен данок, ќе се реалоцираат за еден четиригодишен мандат 1 милијарда евра пари од буџетот кон општините, како и ќе им се понуди на мултинационални компании од светот своите профитни центри да ги префрлаат тука во државата.

    ВМРО-ДПМНЕ кај народот е препознаена како партија која води добра економска политика и која се грижи за секој граѓанин да создаде поквалитетен живот и иднина.

    Преку реалокација на 1 милијарда евра или 250 милиони евра годишно, општините покрај предвидените средства од општинските буџети ќе можат со овие средства да реализираат дополнителни капитални инвестиции како што се изградба на нови градинки, изградба и реконструкција на училишта, патишта, реконструкција на улици, паркови, спортски сали, нови канализациони и водоводни мрежи.

    Важно е да имаме ниски даноци. И за таа цел владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи политиката на рамниот данок со што ќе им се помогне на домашните компании, се со цел да отвораат нови работни места и да ја реинвестираат својата добивка.

    Дополнително, една од економските мерки која идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја реализира е токму понудата до мултинационални компании до светот за да ги пренесат своите профитни центри овде, се со цел својата консолидирана добивка да ја донесат во државата, односно за ниски даноци до 5% ќе можат да ја консолидираат нивната сопствена добивка во Македонија.

    Важно е да создадеме држава за сите граѓани. Важно е Македонија економски да се развива.

    Важно е да обезбедиме поквалитетен животен стандард за сите граѓани. Важно е да се случат промените и Македонија да се менува!“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img