More

    Два вагона со 185 патници излетаа од шините поради лизгање на земјиштето, пробиени се две брани

    spot_img

    Две брани се пробиени во баварскиот округ Фафенхофен ан дер Илм како последица на обилните дождови што го зафатија регионот во изминатите неколку дена.

    Двете пробиени брани се на реката Паар, притока на Дунав, изјави портпаролот на окружната администрација, јави ДПА.

    Пожарникар загина за време на операција за спасување од поплави во градот Фафенхофен ан дер Илм во Горна Баварија, кога се превртел чамецот во кој се наоѓал со тројца колеги.

    Некои региони во јужна Германија во рок од 24 часа регистрираа повеќе дождови отколку што обично паѓаат во текот на еден месец, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (ДВД).

     

     

    Во градот Кислег во југозападната покраина Баден-Виртемберг се регистрирани 130 милиметри дожд само во петокот, информира ДВД. Регионот вообичаено регистрира 118 милилитри дожд во овој период од годината.

    Во Баден-Виртемберг два вагони на меѓуградски воз со 185 патници излетаа од шините поради лизгање на земјиштето, а доброволци се на терен за да ги евакуираат граѓаните, јавува ДВ.

    Во Бад Ворисхофен во соседната држава Баварија, 129 милиметри дожд паднале во рок од 24 часа, во споредба со месечен просек од 101 милиметри.

    Слични вредности се пријавени низ целиот регион.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img