More

    Дожд, ветар и пораст на температурите

    spot_img

    Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, најавуваат од УХМР. Минималните температири на одредени места сè уште се под нулата, најстудено во Берово каде утрово се измерени -3 степени.

    Максималните температури во текот на денот ќе се движат од 7 до 17 степени.

    Во Скопје променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 1 до 15 степени.

    Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од јужен правец ќе се задржи и во наредните два дена. Во четврток претпладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во пораст, особено во петок и за време на викендот кога на повеќе места ќе достигне и над 20 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img