Домашно куче до смрт искасало старица, уапсен внукот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во стан во Задар вчера било пронајдено тело на жена, а полицијата денеска соопшти дека била убиена од куче од расата „стафорд“ кое му припаѓало на член на семејството, пренесува Индекс.

Задарската полиција денеска спроведе кривична истрага против лице кое е осомничено за кривично дело против општата безбедност. Како што неофицијално дознава Индекс, уапсен е внукот на починатата жена кој го одгледувал кучето убиец.

Според хрватските медиуми, се претспоставува дека кучето и жената да биле сами во станот, но сѐ уште нема потврда за ова.

Полицијата вчера во раните утрински часови добила дојава за пронаоѓање на мртва 82-годишна старица, а повредите укажуваат на насилна смрт. Во станот било пронајдено и кучето „американски стафорд“.

Резултатите од обдукција на тело на починатата жена потврдуваат дека таа починала како последица од каснување од куче, соопшти полицијата.

„Американскиот станфорд“ важи за едно од најинтелигентните, но и едно од најопасните кучиња. Поради својата борбена природа, овие кучиња се многу крволочни, а постојат и ситуации во кои можат да бидат опасни по живот.

Share This Article