More

    Доајенот на македонското спикерство, Симон Беличанец, почина вчера на 82-годишна возраст

    spot_img

    Доајенот на македонското спикерство, Симон Беличанец, почина вчера на 82-годишна возраст.

    Беличанец е роден на 2 јуни 1942 година во Прилеп. Таму го завршил основното образование, како и гимназија, но и нижото музичко училиште. Уште од најмала возраст била изразена неговата дарба за убавиот збор, така што во Тутунскиот комбинат Прилеп на само три годишна возраст ја восхитил публиката, рецитирајќи ја песната „Мајка Угра“.

    Добриот глас далеку се слуша, и затоа уште во гимназиските денови бил ангажиран во Радио Прилеп од страна на тогашниот уредник Зафир Зафировски. Студирал на Технолошкиот факултет во Скопје. За време на неговите студии се пријавил на аудиција во Радио Скопје и веднаш бил ангажиран како спикер.

    Завршил и виша спикерска школа во Белград, во рамки на тогашната Југословенска радио-телевизија. Веднаш потоа почнува да ги чита вестите на МРТ. Како голем обожувач и на музиката бил водител на низа манифестаци. Своето спикерско знаење несебично го пренесуваше на помладите колеги, спикери и новинари. Покрај успешната професионална кариера, беше и брат, сопруг, татко и сакан дедо.

    Симон Беличанец ќе биде погребан в понеделник на 5 август на градските гробишта во Бутел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img