До 7 февруари годинава истекува притворот кој турските власти на 29 декември му го одредија на Љупчо Палевски- Палчо, осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

До 7 февруари годинава истекува притворот кој турските власти на 29 декември му го одредија на Љупчо Палевски- Палчо, осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Палчо во моментот се наоѓа во затворена казнено-поправна установа во Баликесир, Турција, а таму може да биде задржан најмногу до една година. Се очекува привремениот затвор или притвор да му биде продолжен по истекот на 40 дневната мерка, бидејќи македонските власти сè уште немаат добиено одговор од Турција по барањето за екстрадиција, кое беше испратено на 7 декември. Министерството за правда очекуваат одговор од Турција деновиве, по што ќе ја информираа јавноста.
Барањето за екстрадиција доаѓа по апсењето на Палевски на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две деле „убиство на свиреп начин“.

Доколку биде екстрадиран, Палевски во земјава ќе биде пречекан со судско решение за 30-дневен притвор и ќе биде пренесен во истражниот затвор во Шутка. Таму веќе се наоѓаат тројцата осомничени соизвршители во грабнувањата и свирепите убиства.

Share This Article