More

    Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во интервју за косовската телевизија „РТК“ ја коментирал средбата на косовскиот премиер Албин Курти со лидерите на опозициските албански партии од Македонија

    spot_img

    Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во интервју за косовската телевизија „РТК“ ја коментирал средбата на косовскиот премиер Албин Курти со лидерите на опозициските албански партии од Македонија. Toj рекол дека Курти треба отворено да каже дали неговата партија Самоопределување ќе учествува на изборите во Македонија, но смета дека на Албанците во земјава не им требаат многу партии.

    – Нема ништо лошо во запознавањето, но она што го кажа Меџити не се совпаѓа со изјавата на Курти што ја даде во Скопје, во која рече дека Движењето Самоопределување не учествува на овие избори. Ако има стратегија да се камуфлираат работите, тоа не е добро, ништо не нè спречува да ги кажеме работите отворено – рече Ахмети.

    На прашање дали вклучувањето на Самоопределување на изборите во Северна Македонија ќе влијае на изборните резултати, Ахмети смета дека ќе нема влијание бидејќи, како што вели, „албанскиот електорат е доста дефиниран во Македонија“.

    Лидерот на ДУИ тврди дека не е во непријателство со ниту една политичка партија ниту во Косово, ниту во Албанија, ниту во Македонија, но смета оти на Албанците во Северна Македонија не им требаат многу партии.

    – На Албанците во Северна Македонија не им требаат 3, 4, 5, 6 или 7 партии бидејќи колку повеќе партии има, тогаш Албанците ќе бидат помалку важни – подвлече Ахмети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img