More

    ДИРЕКТОРКИ НА ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ ФАТЕНИ СО ЛАЖНИ БУГАРСКИ ДИПЛОМИ

    spot_img

    Директорка на основно училиште во село Драчево и директорка на ЈЗУ Општа болница Дебар приложиле лажни меѓународни сертификатин за познавање англиски јазик, издадени од училиште за јазици во Бугарија. Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Т.К.(49) од Скопје и С.К.(56) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.

    „Пријавената Т.К., вработена во основно училиште во с.Драчево, скопско  и пријавената С.К., вработена во Општа болница Дебар, набавиле лажни меѓународни сертификати за познавање на англиски јазик, издадени од училиште за јазици од Република Бугарија.  Т.К. го употребила сертификатот при аплицирање на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во с.Драчево, по што со решение на градоначалникот на општина Кисела Вода била именувана за директор во училиштето. На сличен начин, С.К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при аплицирање на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница Дебар, по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста – директор на ЈЗУ Општа болница Дебар“ – стои во известувањето од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img