Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пандемијата на Ковид-19 е завршена, во интервју за Си-Би-Ес што беше емитувано во неделата навечер.
„Пандемијата заврши, но сè уште имаме проблем со Ковид“, рече Бајден во интервјуто снимено во четвртокот.
„Ако погледнете, никој не носи маски. Се чини дека сите се во прилично добра форма. Работите се менуваат и мислам дека ова е совршен пример за тоа“, продолжи американскиот претседател.
Според податоците на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во светот се регистрирани речиси 612 милиони случаи на Ковид 19, а починале повеќе од 6,5 милиони луѓе.
Имаше повеќе од 95 милиони случаи на ковид во САД, а повеќе од еден милион луѓе починаа.
Самиот Бајден беше позитивен на коронавирусот во јули и беше лекуван со лекот Паксловид.
На крајот на август, со вирусот беше заразена и неговата сопруга Џил и се лекуваше со овој лек.
Просечно 390 луѓе сè уште умираат во САД секој ден од компликации откако биле позитивно тестирани за коронавирус.
САД неодамна одобри две нови вакцини прилагодени на доминантната варијанта на вирусот омикрон.