More

    ЏАФЕРИ ГИ РАЗРЕШУВА МЕЏИТИ И АЛИУ ЗАШТО ГО ПОДДРЖАА ТАРАВАРИ

    spot_img

    Премиерот Талат Џафери достави допис до претседателот на Собранието Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација, соопшти владата.

    Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација“ – се вели во соопштението од владината прес служба.

    Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски одговарајќи денеска на новинарско прашање рече дека пратеничката група на СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и врз основа на ставот на пратениците од Алијанса за Албанците, доколку во Собранието биде доставен владин предлог за разрешување на двајцата министри од Алијанса за Албанците кои го поддржуваат лидерот Арбен Таравари и неговата намера да ѝ се придружи на здружената албанска опозиција.

    Пратеничката група на Алијанса на Албанците брои осум пратеници, а досега шестмина се изјасниле дека се на страната на Зијадин Села. Тоа би значело дека разрешувањата на министрите нема да ја доведе во прашање стабилноста на Владата, зашто Владата би го имала потребното мнозинство од најмалку 61 пратеник, во случајов, може да се смета на 63 гласови.

    Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека нема немера да даде оставка на функцијата и дека ќе остане министер додека Собранието не реши поинаку.

    Тој попладнево изјави дека легитимен претседател на Алијанса за Албанците е Арбен Таравари, и тој го има легитимитетот од Собранието.

    – Во Алијансата на Албанците има едно едно централно собрание и тоа ќе биде вечерва во Куманово и тоа ќе биде и собир со граѓаните, легитимните избрани органи или легитимниот претседател на партијата е господинот Таравари – изјави Меџити.

    Меџити ја обвини ДУИ за опструкции на неговата работа. Тој рече дека 83 членови на собранието се на нивна страна.

    – Ние ги имаме собрано 83 од членовите на Собранието и мислам дека тука нема нејаснотии. Имаме легални легитимни органи имаме и легитимен претседател – изјави Меџити.

    Пратеникот на Алијанса за Албанците Халил Снопче, кој му даде поддршка на Таравари во одлуката за изборен настап на АА со опозициските партии, во интервју за весникот „Лајм“ изјави дека во Куманово треба да биде потврдена политичката поддршка за актуелниот претседател Арбен Таравари. Според пратеникот, собраните над 80 потписи од делегатите на партиското собрание не биле потписи само за свикување на собранието, туку и за повикот на Таравари партијата да се приклучи на опозицискиот блок.

    – Ќе се собереме во Куманово и ќе ја потврдиме поддршката за Таравари – изјави Снопче.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img