More

    Девет пожари на отворено се евидентирани изминатото деноноќие и сите се изгаснати од пожарникарите

    spot_img

    Девет пожари на отворено се евидентирани изминатото деноноќие и сите се изгаснати од пожарникарите. Нема активни пожари изутринава, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Во изминатите 24 часа, ѓубре горело во општина Гази Баба, како и во Карпош, каде горела и сува трева.

    Огнени јазици зафатиле сува трева и грмушки крај стариот пат за Арачиново.

    Стрниште горело во село Копаница, општина Сарај.

    Опожарено ѓубриште имало во општините Битола и Струга – во село Габалавци и во реон кон граничниот премин „Ќафасан“.

    Во општина Свети Николе, кај селото Горобинци, изгореле грмушки и сува трева, нискостеблеста шума и помошен објект.

    Пожар на стрниште е регистриран во општина Кочани, кај село Облешево.

    Сува трева горела во општина Куманово, кај населбата „Диво Насеље“.

    – Во последното деноноќие имало вкупно 1.975 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК. Од нив, „реални“ повици биле 55,75%, а 44,25% биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полиција биле упатени 61,47% од повиците, кон Итната медицинска помош – 24,36%, кон пожарникарите – 4,81%, а кон АМСМ – 0,29% од реалните повици кон 112 во ЦУК“, се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img