More

    Марина Димовска е избрана за генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија

    spot_img

    Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска дадоа поддршка Марина Димовска да биде избрана за генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија.

    Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија. Таа работи во Собранието од 2009 година.

    За заменик генерален секретар на Собранието е предложен Никола Ѓошевски, кој е дипломиран правник и магистер по корпоративното право.

    Димовска и Ѓошевски треба да бидат изгласани на наредна седница на Собранието.

    Во рамки на оваа седница на Комисијата беа утврдени и Предлог-одлуките за членови на делегациите на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа, во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, во Интерпарламентарната унија, во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација….

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img