Дете од Скопје шверцувало мигранти

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Синоќа во 20 часот на автопатот А1, Неготино – Градско, во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност лишиле од слобода малолетник од с. Студеничани, скопско.

„При контрола во патничко возило ‘фиат стило’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Во 20.05 часот на автопат А1, во близина на локалитет ‘Стоби’, друг тим на Мобилната единица ги лишиле од слобода Е.Д.(30) и 46-годишната Е.Ш., двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека со патничко возило ‘фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Д., биле претходница на возилото ‘фиат’ во кое се превезувале мигранти. Лицата бил приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатнo-транзитен центар за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.

Share This Article