More

    Деспотовски вели дека гасната централа ќе го освежи воздухот во Скопје

    spot_img

    Енергетската транзиција на земјата, која вклучува и изградба на гасна централа треба неминовно да се спроведе најмногу поради тоа што ќе придонесе кон намалување на загадувањето, особено во Скопје, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во денешното интервју за Слободен печат.

    – Секој ден дишеме загаден воздух. Вашите и моите деца дишат загаден воздух. Гасната централа на Митилинеос не само што ќе придонесе кон намалување на сметките за струја и за парно, туку уште поважно ќе поттикне повеќе луѓе да се греат на парно со што ќе се намали примарниот извор на загадување, како што е греење на дрва и гуми. За мене овој аргумент можеби е најважен во целава дебата – здравјето и животот на моите сограѓани нема цена – изјави Деспотовски.

    Во однос на дискусијата која се разви во јавноста дали ваков капацитет треба државата да гради сама или да го гради стратешки инвеститор, Деспотовски појасни дека при пресметката мора да се земат сите фактори, а не само трошоците за градба. За ваквата централа во соседна Србија, што се посочува како пример од опонентите на овој проект, Деспотовски вели:

    – Дури и во случајот на соседна Србија државата се определила на партнерство со приватна компанија – руски Гаспром за спроведување на ваков проект. И да ги земеме предвид тие параметри, станува збор за некоја иницијална вредност која е близу 250 милиони евра. Пари кои треба да се обезбедат, значи да се задолжи државата и да плаќа камати, стасуваме до бројка од 400-420 милиони евра коишто треба да ги обезбеди државата само за да се изгради централата. Ако државата е носител на проект, тогаш сите оние даноци на добивка, придонеси, дополнителни трошоци коишто приватниот инвеститор во овој случај ќе ги плаќа кон буџетот во наредните 20 години, коишто ги мериме некаде околу 100 милиони евра, ќе треба државата да ги обезбеди самостојно. Нешто што сите го забораваат е дека државата има обврска за две години од денеска да ги воведе тие ЦО2 тарифи кои веќе постојат во Европа. Енергијата од гас има пониски тарифи од енергијата од јаглен. Само за две години ако се доволно време да се подготви студија, да се организира меѓународен тендер, граѓаните на оваа држава ќе треба да платат дополнителни 100 милиони. Па така доаѓаме до некоја цифра, без трошоци за одржување на централата коишто секако државата ако гради самостојно ќе треба да ги обезбеди од некаде, доаѓаме до цифра од 600-700 милиони евра. И тие треба сега да ги дефинираме од каде ќе ги обезбедиме, за да можеме да влеземе како самостоен носител во ваков проект. Времето чини! Треба да учиме од успешни примери во светот.

    Според него, клучен аргумент во овој случај е и од каде и по која цена државата ќе го обезбедува гасот.

    – Грчкиот Митилинеос е голем играч на пазарот за електрична енергија. Станува збор за компанија која има скоро 7 ипол милијарди годишен приход и има пристап до најевтиниот извор на гас во Европа, а тоа е референтната холандска берза ТТФ – пристап кој државното ЕСМ го нема. Клучното прашање е по која цена државата ќе го обезбедува гасот. Еве во моментов плаќаме 53 евра за гас, што е двојно повеќе од цената која ја плаќа Митилинеос на холандската берза. Ние како мал потрошувач немаме пристап до холандската берза на гас, а грчката компанија има. И кога би влегле во таков проект прашањето е колку ќе чини гасот и од каде ќе се набавува – вели Деспотовски и додава дека сите овие елементи треба да се земат предвид кога се прават пресметки и се носат одлуки.

    Деспотовски додаде дека според предлог договорот, државата во Митилинеос ќе вложи 17% од трошокот за градба и тоа за централа со врвна европска технологија и целосно во согласност со моделите и искуствата во ЕУ. Според анализите, за секое евро кое државата ќе го вложи, со сите пари од даноци, придонеси, заштеди на сметки и заштеда на цената на струјата, назад во буџетот ќе се вратат 6,5 или 7 евра во следните 20 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img