More

    Дали Министерството за финансии е под притисок на „Антикоцкање“?

    spot_img

    Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ упати реакција во врска со денешниот апел на Министерството за финансии упатен до Собранието на РСМ, за побрзо да се усвојат од нив предложените измени на Законот за игри на среќа и забавни игри.

    Ја пренесуваме во целост нивната реакција:

    Во името на 10.000 вработени во оваа економска дејност, уште еднаш предупредуваме дека предлогот за дислокација на 500 метри од образовните институции е предлог за целосно затворање на објектите за игри на среќа, губење на нашите работни места со драматични последици по целата македонската економија. Заблуда е дека постои решение ем да се дислоцираат 500 метри, ем да продолжат објектите за игри на среќа да работат. Заради постоечката урбанистичка поставеност и планирање, овој услов е невозможно да се исполни. Дислоцирањето на 500 метри од една значи дека истиот објект ќе биде поставен на помалку од 500 метри од друга образовна институција. После усвојувањето на едно вакво избрзано решение, ќе почне отворање „диви“ играчници, надвор од регулацијата на надлежните институции, каде младите навистина ќе станат таргет. Аргумент за ова е аферата „Детонатор“, од 2011, кога полицијата заплени 1500 на црно поставени покер апарати во нелегални играчници.

    Само вчера државата мораше да се задолжи со 250 милиони евра, кои треба да ги вратат граѓаните за 18 месеци, и за тоа ќе се пресмета и камата. Додека целата економија е во неизвесност од драматичното зголемување на цените на струјата и енергенсите низ цела Европа, кога многу домашни компании се прашуваат дали ќе треба да стават клуч и да ги отпуштат вработените, некој буквално си игра со судбината на една сериозна економска дејност која вработува 10.000 луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100.000 други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет.

    Нам како Здружение, неминовно ни се наметнува дилемата дали можеби Министерството за финансии делува под притисок на „Антикоцкање“ од Тетово? Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира нивните неосновани обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и наводно делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат. Нападите на „Антикоцкање“ од Тетово се тенденциозни и немаат допирна точка со реалноста. Уште повеќе затоа што освен притисок врз државата, политичките партии, закуподавачите на објектите, играчите се прави обид суптилно да се инволвираат и верските заедници. Тоа е апсолутно недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа.

    Државата, секоја индивидуа и семејство несомнено е должна да ги заштити малолетниците и да ги создава сите предуслови за воспитување здрава младина. Не сме против законски решенија кои одат во оваа насока. Но, сме категорично против политички и бизнис мотивирани законски измени кои ќе затворат една легална економска дејност што по автоматизам ќе предизвика организирање нелегални игри на среќа. Крајно време е да се напушти популизмот и да почнеме да говориме со факти. Сите општествено одговорни чинители треба да бидат свесни дека не постои пример во опкружување каде укинувањето на игрите на среќа не предизвикало играње на диво.

    Ако државата навистина одлучила да ги затвори игрите на среќа, мора да земе предвид дека со таква погрешна одлука ќе предизвика егзодус на илјадници семејства кои ќе се преселат во западните земји и таму повторно ќе работат во истата дејност. Предупредуваме, со цел да превенираме состојби кои ќе предизвикаат сериозни штети. Крајно време е да земат предвид овие наши укажувања. Во спротивно ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести со кои ќе бараме заштита на правата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img