Бујар Османи-Формално досега не е добиен „француски предлог“

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на неговиот Фејсбук профил објави дека „францускиот предлог“ за деблокирање на европскиот пат на земјава досега не е добиен во МНР и затоа нема можност да биде доставен до Собранието.

„Формално досега не е добиен „француски предлог“ како можно решение за блокадата од страна на Бугарија, затоа што прво се добиваат мислењата на земјите членки на ЕУ, со кои ние сме во постојана комуникација. Оттука нема можност било каков предлог да се достави до Собранието и/или неговите тела. Второ – евентуален Протокол, кој се спомнува како веќе готов документ, можеби ќе преставува записник од одржување на Меѓувладината комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, која е предвидена со Договорот за пријателство од 2017 година. Засега е одржана само една седница на оваа Комисија во 2019 година и овој записник, кој е единствениот Протокол засега, е јавно достапен веќе три години. Оттука, нема финализиран записник затоа што не е одржана втората седница на Меѓувладината комисија“, појаснува Османи на Фејсбук статусот во врска со писмото од претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, пратеникот Антонио Милошоски, во кое тој бара уште денеска до Собранието да бидат доставени „протоколот и Преговарачката рамка поврзана со Бугарија“.

Османи во објавата додава дека секогаш одговарал позитивно на поканите на Комисијата за надворешна политика на Собранието, иако, како што посочува, не секогаш таму се чувствувал добредојдено и пријатно, ниту пак „наоѓал на соработка кога се работи за сослушување на избраните амбасадори“. Тој, сепак, изразува согласност да се утврди термин во кој пред Комисијата ќе зборува за сите прашања од надворешната политика.

„Согласно агендата, согласен сум наскоро да утврдиме термин и да ги преставам сите прашања од доменот на надворешната политика, но притоа да го повикам претседателот на Комисијата, да ја закаже седницата за избор на неколку клучни амбасадори чие упатување непотребно е стопирано преку незакажување седница на Комисијата за нивно сослушување“, пишува Османи на неговиот Фејсбук профил.

Милошоски во објава исто така на Фејсбук, наведе дека писмото со барањето за доставување на документите го испратил до премиерот Димитар Ковачевски и до Османи.

„За документите кои се однесуваат на Македонија, Владата нема право истите да ги крие од јавноста, туку има уставна и морална обврска да прифати и да учествува во собраниска расправа, наведува Милошоски во писмото“, што го објави и на неговиот Фејсбук профил.

Share This Article