More

    Русија формира нов корпус кој ќе ги наследи злогласните платеници, ова е нивната главна цел

    spot_img

    Не, руската прорежимска приватна армија Вагнер, која Владимир Путин ја распушти минатото лето поради воен бунт, сепак не „умре“.

    Таа воскресна во Африка, каде што доживува нова младост. Москва, имено, од Вагнер, кој беше активен во војната во Украина, го формира Африканскиот корпус, кој не само што ќе се бори за руските интереси, туку и ќе ги контролира нивните операции на континентот, пишуваат Блумберг и Индепендент, а рускиот независен портал Настојашќе време наведува дека сè водат луѓе од блискиот круг на Кремљ.

    Имено, заменик-министерот за одбрана, генерал Јунус-Бек Јевкуров и генералот на Воената разузнавачка служба на ГРУ Андреј Аверјанов беа назначени да раководат со Африканскиот корпус. Руската редакција на Радио Слобода и проектот „Сите очи на Вагнер“ напишаа дека дипломатот Денис Павлов и формално стана нов лидер на руските платеници во Африка.

    Тој претходно работеше во руските мисии во УНЕСКО, ЕУ и ОН во Париз, Женева и Брисел, а истражувањата покажаа дека е тесно поврзан со руската разузнавачка служба ФСБ и Руската служба за надворешно разузнавање (СВР). Интересно е што прорежимските аналитичари тоа не го ни кријат, па Индепендент наведува дека за Африканскиот корпус зборувал и Игор Коротченко, главен уредник на магазинот „Национална одбрана“, близок до руското Министерство за одбрана како наследник на Вагнер.

    Руските власти регрутираат луѓе за Африканскиот корпус за да ги заменат платениците на Вагнер на африканскиот континент, пишува Блумберг. Новата воена формација планира до средината на годината да „собере“ корпус од 20.000 поранешни Вагнерци. Поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток (Израел – Газа), Русија го зголеми своето воено присуство во Судан и Либија, а по формирањето на Африканскиот корпус, нејзини претставници ќе бидат стационирани во Буркина Фасо, Либија, Мали, Централноафриканската Република и Нигер.

    По серијата „преврати“ во земјите од Сахел и одреден вакуум, кој се создаде со губењето на влијанието, пред сѐ на Франција, сега Русија сака да се позиционира на тој простор. Според Блумберг, повикувајќи се на извори во Русија, околу 100 руски платеници веќе пристигнале во Буркина Фасо за да ја следат безбедноста на лидерот на земјата Ибрахим Траоре.

    Покрај тоа, планирана е изградба на воена база во Централноафриканската Република, каде веќе се стационирани две илјади руски војници. Индипендент, пак, наведува дека структурите на Министерството за одбрана целосно ја презеле контролата врз поранешните платеници на Вагнер. И не се работи само за воената компонента, туку и за деловната, бидејќи Вагнер и неговиот поранешен шеф Евгениј Пригожин, кој неодамна загина во необјаснета авионска несреќа, само два месеци по воениот бунт што тој го организираше, контролираа многу рудници, особено злато и ураниум во Африка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img