бугарската позиција е забетонирана во преговарачката рамка!

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дваесет и шест земји-членки на Европската унија имаат свои позиции во однос на официјалниот јазик на Република Северна Македонија, а Бугарија не може да ги обврзе да го прифатат нивниот став.

Ова денеска го истакна Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за време на прес-конференцијата по потпишувањето на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Северна Македонија, нагласувајќи дека Бугарја целосно ќе ја почитува одлуката на Народното собрание.

– Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка – изјави Генчовска.

Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска рече дека при одредувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на Чешкото претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија ќе има политичка меѓувладина конференција, а потоа властите во Северна Македонија треба да ја започнат процедурата, да се смени Уставот со цел во него да се вклучат и локалните Бугари.

Како што информираше, дури потоа ќе има втора меѓувладина конференција на која всушност ќе започне преговарачкиот процес, но тоа ќе зависи од властите во Северна Македонија

– Може да трае три месеци, како што беше случај кога името на Република Северна Македонија се промени, но може и да продолжи и две години – рече Генчовска.

Премиерот Димитар Ковачевски по вчерашната владина седница на која беше одобрен францускиот предлог и по која го најави 19 јули како датум за првата Меѓувладина конференција, која треба да се одржи во Брисел, порача дека дека македонскиот јазик е загарантиран и дека нема да се преговара за идентитетските прашања.

– Ние денес имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се зачувани, историските прашања се надвор од истата, а ние сме веќе на чекор од одржувањето на првата меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на преговори на Северна Македонија со Европската Унија – нагласи Ковачевски.

Share This Article