More

    По јајцата, утре ќе замрзнат хигиенските производи

    spot_img

    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека најверојатно утре, на владина седница, ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во текот на оваа недела ќе бидат замрзнати и цените на дел од овошјето и зеленчукот. Бектеши заедно со премиерот Димитар Ковачевски утринава беа во супермаркет во скопската населба Тафталиџе за да ги проверат цените на јајцата и останатите производи.

    – Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре – истакна Бектеши по посетата на маркет во скопската населба Тафталиџе, заедно со преимерот Димитар Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

    За овошјето и зеленчуот Бектеши рече дека вчера ги добил анализите од Министерството за земјоделство.

    – Денеска мојот тим работи, најверојатно цените на повеќе од пет-шест производи ќе бидат замрзнати во текот на оваа недела. Ги чекаме и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците за да видиме колку е разликата во делот на маржите – нагласи Бектеши.

    Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, се во посета на маркет во Тафталиџе за да проверат дали се почитуваат владините одлуки за замрзнување на цените на дел од тестенините, млечните производи, како и на оризот и на јајцата, чиј извоз е ограничен.

    Непочитување на замрзнатата цена на лебот од 33 денари, несоодветна грамажа, немање најмалку 80 отсто од производите на рафтовите, се само дел од прекрошоците што ги констатира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) на терен при спроведувањето на контролите.

    Како што рече денеска директорот на ДПИ, Горан Трајковски, имињата на фирмите кои ги сториле прекршоците ќе бидат соопштени, но откако постапувањата за нив ќе бидат целосно завршени.

    – Ќе ги кажам имињата на фирмите кои ги прекршуваат владините одлуки кога ќе завршат постапките. Имињата нема да бидат објавени денеска поради комплексноста на случаите. Се издаваат платни налози и до завршување на предметот нема да ги кажам имињата, туку после тоа – истакна Трајковски, одговорајќи на новинарски прашања.

    Тој уште еднаш напомена дека сите инспектори се на терен, а ДПИ работи со полн капацитет.

    – Последните пет дена се извршени над 500 надзори, а 130 од нив се по одлуките на Владата. Притоа, констатирани се шест прекршоци во винина од 750 000 денари – соопшти директорот и најави дека ДПИ ќе продолжи да работи неселективно, согласно законите.

    Трајковски во оваа прилика повторно апелира, трговците, ако имаат можност, да ги намалат цените и на другите производи зашто сите владини одлуки, како што подвлече, се носат во интерес на граѓаните.

    -Располагаме со вкупно 160 инспектори што е многу мал број, но постапуваме и на пазарите, а на нашата интернет страница информираме за контролите секој ден – рече директорот на Инспекторатот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img