More

    Девојка на дваесетгодишна возраст почина од грип

    spot_img

    Девојка на дваесетгодишна возраст почина од грип, потврдуваат од Клиниката за инфективни болести во Скопје.

    Ова е седми смртен случај откако грипот зема замав. Девојката била префрлена од Клиниката за хематологија, но без да се прецизира за која хематолошка болест била испитувана. Таа не била вакцинирана, а токму грипот е кобен за луѓето со тешки или хронични заболувања, вели д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.

    Тој апелира да се почитуваат и препораките за задолжително носење маски во здравствените установи, особено хронично болните и при движење во средини со голема фреквенција на луѓе.

    – Секојпат кога ќе започне сезоната на вакцинирање за грип се знае дека тоа е за лицата кои се на приоритетна листа, за кои нема одлагање на вакцинацијата се меѓу првите кои треба да се вакцинираат и кај кои вакцината секогаш ќе даде максимален бенефит и ќе биде причина да се оневозможи хоспитализацијата и смртниот исход. Остануваме на препораките коишто претходно ги кажавме дека треба да се носат маските задолжително во здравствените установи за да се оневозможи повторно пренесувањето на вирусот од човек на човек особено таму кадешто веќе знаеме дека имаме хронично болни – изјави Злате Мехмедовиќ за Канал 5.

    Од Клиниката за инфективни болести посочуваат дека низ целата држава има тешки случаи на заболени со грип проследени со масовни пневмонии, а двајца пациенти се на респиратор.

    Според последните податоци на Институтот за јавно здравје минатата недела пријавени се 1.675 заболени од грип или заболувања слични на грип, што е за 41,7% повеќе од претходната недела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img