More

    Брод вооружен со проектил за кој Путин тврди дека му нема рамен, исплови

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин во средата испрати фрегата вооружена со хиперсонични крстосувачки ракети Циркон во Атлантскиот Океан.Заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и Игор Крокмал, командантот на фрегатата по име „Адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Горшков“, Путин на видео-конференција рече дека бродот е вооружен со хиперсонично оружје Циркон.

    „Овој пат бродот е опремен со најновиот хиперсоничен ракетен систем „Циркон“, за кој не постои еквивалент“, рече Путин. „Ова е хиперсоничен морски систем“, додаде тој.

    Шојгу рече дека Горшков ќе плови до Атлантскиот и Индискиот Океан и до Средоземното Море.

    Овој брод, вооружен со „циркони“, е способен да изведува прецизни и моќни удари против непријателот на море и на копно“, рече Шојгу.

    Ракетите летаат со девет пати поголема брзина од звукот и имаат домет од над 1.000 километри, додаде тој.

    Русија, Кина и САД се во хиперсонична трка во вооружување. Поради својата брзина, која е пет пати поголема од брзината на звукот, и способноста за маневрирање, ваквото оружје се смета за начин за стекнување предност пред секој противник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img