Контроверзната американска пејaчка Бритни Спирс повторно ја шокираше јавноста откако на Инстаграм објави дека дека има потешкотии да го разбере англискиот јазик откако го променила своето име.
Бритни, која претходно тврдеше дека го променила своето име во Ривер Ред, сега тврди дека се вика Ксила Марија Ривер Ред.
„Откако го сменив името во Ксила, имам потешкотии со разбирањето на англискиот јазик“, објавила таа.
Меѓу другото, таа раскажала како видела ракови на плажа и дека пливала гола во морето, но и дека се изгубила додека возела велосипед и дека не ѝ дозволиле да управува со брод.
Пејачката со години ги загрижува и фи шокира фановите со своето однесување, а на Инстаграм ја исклучи и опцијата за коментар под објавите.