More

    Таткото на исчезнатиот Самоил е во очај: Помина година дена и еден месец, а уште не знаеме каде е нашето дете

    spot_img

    Помина година дена и еден месец, а уште не знаеме каде е нашето дете. Тој остави жена и две деца кои сега се без еден родител, вели Љупчо Костадиновски, татко на исчезнатиот Самоил, внук на Љубе Бошковски.

    – Ние се сомневаме дека Самоил, бидејќи носеше пари со себе, оваа криминална група го има сто отсто убиено и некаде фрлено. Оваа иста група се нудела на албанското подземје дека е подготвена да убива, киднапира и дека истите лица биле поврзани со власта, со МВР, крим трехника и дека за нив нема одговорност – вели татко му за А1 он.

    Тој вели дека семејството дошло до сознание дека се тие истите кои ги запалиле „волвото“ во кое се возеле со Самоил.

    – Полицијата не мрдна со прст. И мене ме испукаа поради тоа што потврдив дека Александар Трајковски Анфас е главниот организатор во групата. Тој е во бегство во моментов и тој е човекот кој ме испука – истакна Костадиновски.

    Костадиновски се сомнева дека извесен млад човек Бојан од Драчево го запалил „волвото“ во кое се возел и Самоил, а полицијата не го гони зато што тој не признавал дека направил вакво дело.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img