Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш излезе од затвор откако му беше платена кауција од милион евра. Сега се знае кој му помогнал да биде ослободен после 14 месеци.
Поранешниот фудбалер на Бразил и Барселона кој беше обвинет дека силувал девојка во ноќен бар во Барселона, ја немал потребната сума да ја депонира за кауција, па пријателите морале да му помогнат.
Неговиот соиграч од репрезентацијата Нејмар на жртвата и плати отштета од 150.000 евра по што казната на Алвеш му беше преполовена. Поранешниот играч на ПСЖ требаше да плати и кауција, но под притисок на јавноста се откажа.
Но кога му беше најпотребно на Алвеш во пресрет му излезе неговиот поранешен соиграч и пријател Мемфис Депај. Фудбалерот на Атлетико Мадрид реши да му помогне на својот пријател да излезе од затвор и уплатил 1 милион евра за кауција.
Алвеш ги предал двата пасоши (шпански и бразилски) за да не ја напушти земјата, а дополнително еднаш неделно треба да се јавува на суд во Барселона. Постојано е под полициски надзор и има забрана да и се приближува на жртвата.