More

    Турските власти уапсија 147 осомничени членови на џихадистичката група Исламска држава

    spot_img

    Турските власти уапсија 147 осомничени членови на џихадистичката група Исламска држава, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Турската државна телевизија ТРТ објави дека 17 од лицата се осомничени за поврзаност со нападот во салата „Крокус“ во Москва, а дека по 10 осомничени за нападот се трага.

    Апсењата се извршени во 30 провинции, од вкупно 81 колку што има во Турција, соопшти министерот на платформата Икс.

    – Од 1 јуни минатата година досега во земјата се уапсени 2.919 лица осомничени за врски со џихадистичката група – изјави министерот за внатрешни работи.

     

     

    Француските медиуми, повикувајќи се на извори од турските безбедносни сили, објавија дека двајца од осомничените за учество во терористичкиот напад во Москва неколку недели биле на турска територија и дека на 2 март отпатувале со авион за Русија.

    Истовремено руските истражители биле во Таџикистан за да ги испитаат семејствата на четворицата мажи кои стојат зад терористичкиот напад на трговскиот центар во Москва, јавија светските агенции.

    Во Русија беа приведен уште четири лица осомничени за нападот. Ако биде докажана вината, на осомничените им се заканува доживотен затвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img