More

    Борел повторно го поддржал нашиот пат кон ЕУ

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Минхен се сретна со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

    За време на разговорот премиерот Ковачевски, како што соопшти владината прес-служба, се заблагодарил за личната поддршка и посветеност на Борел за остварување на нашата европска иднина со цврстиот став дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ без натамошно одлагање.

    Ковачевски го запознал Борел за отворениот процес за градење доверба со премиерот на Република Бугарија и со Владата во Софија, кој се одвива во позитивен дух и од кој се очекува разумна европска формула која ќе го деблокира почетокот на пристапните преговори за Република Северна Македонија.

    На домашен план, како што истакнал премиерот Ковачевски, Северна Македонија го спроведува постпандемиското економско закрепнување со силен акцент на инвестиции во зелената и дигиталната трансформација и во зајакнувањето на отпорноста на општеството со инвестиции во здравството и во социјалната поддршка за граѓаните.

    Во однос на енергетската криза, Ковачевски на средбата посочил дека Северна Македонија има активно учество во неколку големи регионални проекти со значајна буџетска помош од ЕУ, со што земјата станува клучна алка за сигурна дистрибуција на енергенси.

    – Како земја која ги прифати европските вредности и политики – нагласил премиерот Ковачевски, ЕУ може да смета на соработка со нашата земја во справувањето со заедничките предизвици.

    Премиерот Ковачевски го поканил потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Борел да ја посети Северна Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img